• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Експертски предупредувања: Чоколадото ќе исчезне за 40 години

Експертски предупредувања: Чоколадото ќе исчезне за 40 години

Вашингтон, 3 јануари 2018 (МИА) - Експерти предупредуваат дека наредните 40 години светот ќе остане без чоколада, оти на билката какао и се заканува исчезнување при се потоплите временски услови.

Какаото вирее само на подрачјата 20 степени северно и јужно од Екваторот, а за да опстои потребни се посебни услови - доволно влага и дождови. 

Меѓутоа, глобалното затоплување и порастот на температурите за 2,1 степен Целзиусови може во наредните 30 години речиси и да го уништи растението, а со тоа и чоколадната индустрија, соопшти американската Национална администрација за океани и атмосфера.

Како што температурата ќе ја суши почвата, одгледувачите на какао ќе мораат своите плантажи да ги префрлат на поголеми површини.

Какао

Просечен жител на Западот годишно јаде 286 табли чоколада. Од деведесетите години на минатиот век и Кина, Индонезија, Индија, Бразил и Руската Федерација, исто така се вклучија на пазарот со какао.

Снабдувањето сепак не оди во чекор со растечката побарувачка, а се верува и дека начинот на одгледуввање на самото растение е проблем, бидејќи не е променет последниве неколку века. си/сп/09:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...

На аеродомот во Орландо ќе се скенираат лицата на сите патници

Меѓународниот аеродом во Орландо, кој е најпромете...

Стаорец изел 19.000 долари во бакомат во Индија

Стаорец или повеќе стаорци влегле во банкомат во с...

Таткото на Кејт Спејд починал неколку часа пред нејзиниот погреб

Ерл Броснејн (89), таткото на дизајнерката Кејт Сп...