• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Новиот Национален совет за ИКТ најави анализа и стратегија за областа

Новиот Национален совет за ИКТ најави анализа и стратегија за областа

Скопје, 9 февруари 2018 (МИА) - Новоформираниот Национален совет за информатичка и компјутерска технологија (ИКТ) денеска одржа прв состанок на кој е договорено да се направи детална анализа на постојната состојба и потребите во ИКТ областа, врз основа на која ќе изготви и ќе спроведе национална стратегија.

Во наредниот период ќе биде формирана и дигитална коалиција, во која што ќе учествуваат претставници на стопанските комори, академската заедница и граѓанското општество.

- Постои голема хаотичност, како во министерствата, така и во сите други институции. Оваа стратегија ќе дава јасни патокази каде грешиме и во од ќе можеме да ги решаваме проблемите, истакнал министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој ќе биде заменик претседател на Националниот совет за ИКТ, соопшти владината прес-служба.

Со Советот ќе претседава Владимир Цветковиќ, советник за ИКТ на премиерот. 

Членови во Советот се и министрите за внатрешни работи, земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, финансии, правда,  и за образование, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Драган Тевдовски, Билен Саљији и Рената Дескоска – Тренеска, како и Петре Шилегов, претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и Сашо Димитријоски, директор на Агенцијата за електронски комуникации. лв/вг/16:14

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ