• A-
  • A
  • A+
недела, 24 јуни 2018, 

Клаус Тепфер именуван за посредник на ЕУ за енергетскиот спор меѓу Србија и Косово

Клаус Тепфер именуван за посредник на ЕУ за енергетскиот спор меѓу Србија и Косово

Брисел, 8 март 2018 (МИА) - Европската унија го именува поранешниот германски министер за животна средина Клаус Тепфер за посредник во решавањето на енергетскиот спор меѓу Белград и Приштина.

Тепфер во изјава за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ наведува дека следната недела ќе отпатува во Белград и Приштина, на средби со премиерите на Србија и на Косово, Ана Брнабиќ и Рамуш Харадинај.

- Станува збор за решавање на проблемот и подигнување на свеста на двете страни за важноста на ова прашање, нагласи Тепфер.

Далновод

Европската аоцијација на операторите на електродистрибутивните мрежи вчера соопшти дека поради политичкиот спор меѓу Косово и Србија за енергетските прашања дошло до недоволното снадување со електрична енергија на европската електромрежа, поради што е придизвикано отстапувањето од стандарната фреквенција на струјата во Европа од 50 херци.

Вваквото отстапување од стандардната фреквенција резултирало со доцнење на дигиталните часовници ширум Европа. Според Асоцијацијата, овој проблем започнал кон средината на јануари и досега е проширен на 25 европски држави - „од Португалија до Полска и од Грција до Германија“.

Часовник

Поради намалувањето на фреквенцијата на струјата, електричните часовници доцнат по околу шест минути, се наведува во соопштението на Асоцијацијата, која најави дека работи на изнаоѓање техничко решение за проблемот и дека за неколку недели „системот ќе се врати во нормален режим на работа“.

„Електромрежата на Србија“ (ЕМС) вчера соопшти дека овој проблем со фреквенцијата бил предизвикан од недостигот на 113 гигават часови електрична енергија, што требало да ги дистрибуира „Косовскиот електродистирбутивен систем“ (КОСТТ). сп/18:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...