• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Биткоинот за десет години може да падне на 100 долари

Биткоинот за десет години може да падне на 100 долари

Њујорк, 8 март 2018 (МИА) - Веројатноста дека цената на биткоинот во наредните десет години може да падне на 100 долари е поголема отколку дигиталната валута да достигне ниво од 100.000 долари, изјави економистот Кенет Рогоф, професор на универзитетот Харвард. 

- Мислам дека биткоинот по десет години ќе вреди само мал дел од сегашната вредност. За десет години многу поверојатна цена е сто долари, отколку 100.000 долари, изјави поранешниот главен економист на Меѓународниот монетарен фонд за телевизијата Си-ен-би-си. паг/18:49

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ