• A-
  • A
  • A+
петок, 20 јули 2018, 

Македонија и Албанија заеднички ќе развиваат иновативен туризам во Полошкиот и регионот на Елбасан

Македонија и Албанија заеднички ќе развиваат иновативен туризам во Полошкиот и регионот на Елбасан

Тетово, 15 март 2018 (МИА) - Македонија и Албанија ќе го зајакнуваат конкретниот потенцијал на туристичката понуда на Полошкиот регион и Елбасан. Преку проект на ЕУ за прекугранична соработка тоа ќе се постигне преку иновативни пристапи и употреба на онлајн алатки со цел зајакнување на капацитетите, меѓуграничната соработка, креирање на подобри понуди и отворање кон нови пазари.

Проектот за зајакнување на иновативниот туризам (СТЕП) денеска беше претставен во Тетово, а ќе биде имплементиран од  Фондацијата „Метаморфозис“ во соработка со Центарот за развој на Полошки плански регион и Советот на Округот Елбасан.

На промотивниот настан каде покрај официјалните претставници на двата региона, носителите на проектот и десетици туристички претприемачи од двата региона, свои обраќања имаа градоначалничката на Тетово Теута Арифи и словенечкиот амбасадор Милан Јазбец.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, во своето излагање рече дека целта на овој проект соработка за да се градат стандарди. - Нашата идеја беше пронаоѓање на што повеќе рурално шумски предели што имаат стандарди по потреба за посетители – туристи, за  тоа место да се стандардизира и сврти кон економкси развој, истакна Арифи.

Букурош Стафа, претседател на општина Елбасан посочи дека регионот на Елбасан има развиена туристичка зона и смета дека овој проект ќе придонесе за одржлив развој на оваа зона каде се наоѓаат и околу 70 природни и над 100-тина споменици на културата.

Проектот ќе трае 19 месеци, а има како предизвик зголемување на капацитетите на туристичките фирми и градење стратешти партнеритет и соработка внатре во земјите каде се реализира проектот. Исто така со реализација на овој пројект, ке има и зголемување на работните места и отварање на нови работни места во сферата на планинскиот туризам.

Покрај размената на искуства на настанот беа претставени и потенцијалните придобивки од проектот за малите и средните претпријатија и другите релевантни јавни и приватни туристички субјекти од регионот на Елбасан во Албанија и Полошкиот регион во Македонија.бс/скс/14:19

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ