• A-
  • A
  • A+
недела, 20 мај 2018, 

Белата куќа се уште се надева дека до утре може да се постигне договор за НАФТА

Белата куќа се уште се надева дека до утре може да се постигне договор за НАФТА

Вашингтон, 16 мај 2018 (МИА) - Белата куќа изрази надеж дека се уште е можно да се постигне трговски договор со Мексико и Канада до утре, кога истекува рокот до кој може да се постигне согласност за измени во договорот НАФТА. Доколку договорот остане неизменет, се очекува дека конгресните избори во САД и претседателските избори во Мексико ќе доведат до одложување на било какви промени во НАФТА до следната година.

- Се уште сакаме да видиме нешто да се случи во врска со ова. Разговорите се во тек, ние ги поттикнувам да се оди напред и се надеваме дека нешто ќе се случи, изјави Сара Сандерс, портпаролка на Белата куќа.

Претходно, мексиканскиот министер за финансии Иделфонсо Гуахардо изјави дека времето е премногу кусо да се постигне договор. Канадската министерка Кристија Фриленд рече дека нема планови да отпатува во Вашингтон. цч/

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Мануел има 121 година и посакува уште да живее

Мануел Гарсија Хернандез можеби е најстариот човек...

Кралското семејство им се заблагодари на сите за венчавката

Британското кралско семејство им се заблагодари на...

Златна палма за јапонскиот филм „Крадци“

Јапонската драма „Крадци“ (Shoplifters) на режисер...

Мајка го сменила името на синот поради грешка во тетоважата

Со цел да ја усклади новата тетоважа со името, ма...

Во минатото пивото се ладело со помош на глечери

Да се пие ладно пиво, денес не е ништо невообичаен...