• A-
  • A
  • A+
понеделник, 25 јуни 2018, 

Лавров: Русија е подготвена да доставува гас за ЕУ преку „Турскиот поток“

Лавров: Русија е подготвена да доставува гас за ЕУ преку „Турскиот поток“

Москва, 13 јуни 2018 (МИА) - Русија е подготвена да доставува гас на територијата на ЕУ преку „Турскиот поток“, но, за тоа се неопходни гаранции од европските власти, особено од Европската Комисија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на заедничката прес-конференција во Москва со неговиот грчки колега Никос Коѕијас.

- За Западен Балкан може да претставува интерес уште еден нов проект - „Турскиот поток“. Ние сме подготвени да соработуваме на тој проект, многупати сме го кажале тоа. Ако државите од ЕУ сакаат гасоводот да стигне до територијата не ЕУ, тогаш се неопходни стопроцентни гаранции од ЕК и од целата ЕУ, потенцира Лавров.

Министерот истакна дека руските енергетски планови на Западен Балкан се регулирани со договори со земјите од регионот.

- Овие планови се целосно зависни од договорите постигнати со соодветните земји.  Ако тие се заинтересирани за понатамошен развој на енергетската соработка, ние задолжително ќе одговориме во взаем интерес, рече Лавров.

Тој потенцира дека отсуството на надворешни пречки е еден од основните услови за успех на добра соработка. - Најважно е само да нема вештачко мешање во процесот на договарање на условите на еден или друг проект, како што се случи со „Јужниот поток“, посочи Лавров.

- Ние секогаш сме подготвени да се натпреваруваме со други производители, со други рути, кои сега се разгледуваат во рамките на т.н. Јужен гасов коридор.  Главното е конкуренцијата да биде со добра волја, како што е прифатена во земји кои ги почитуваат темелите на пазарна економија, заклучи Лавров. ир/сп/17:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Актерот Мајкл Рапапорт спречил можна авионска несреќа

Холивудскиот актер Мајкл Рапапорт имал драматично ...

Фридленд доби отказ од „Нетфликс“ поради расизам

Компанијата „Нетфликс“ го отпушти главниот службен...

„Чоколаден Меси“ за 31-от роденден на аргентинскиот фудбалер

Московските слаткари, откако дознаа дека родендено...

Стинг ги нарече светските лидери кукавици

Британскиот музичар Стинг во Атина ги нарече светс...

Романтична свадба на ѕвездите од „Игра на тронови“

Ѕвездите од серијата „Игра на тронови“, Кит Харинг...