Италјанскиот министер за внатрешни работи вети дека ќе преземе мерки против Ромите

Италјанскиот министер за внатрешни работи вети дека ќе преземе мерки против Ромите

Рим, 18 јуни 2018 (МИА) - Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини, ветува дека ќе преземе мерки против Ромите во државата оти тоа етничкото малцинство е поврзано со кражби и нелегалната активност.

Салвини, лидерот на екстремно десничарската партија Лига, веќе создаде име, кое им забрани на спасувачките бродови од хуманитарни организации да впловат во италијанските пристаништа.
Тој за телевизијата „Телеломбардија“ изјави дека неговото министерство подготвува извештај за ситуацијата со Ромите во Италија.

- Министерот за внатрешни работи изгледа не знае дека пописите  базирани на  етнос се забранети со закон,  изјави Карло Стасола, претседател на организацијата за заштита на правата на Ромите.

Откако левоцентристичкиот дневен весник „Република" изјави дека е шокиран од предлогот, Салвини напиша на „Фејсбук“ дека мислел не само на кражбите извршени од Ромите, туку и ромските деца, кои се учат да крадат и да извршуваат незакоски дејствија.

Со антиромските и антиимигрантските изјави Лига доби многу гласови, а Салвини дава слични изјави пред вториот круг од локалните избори на 24-ти јуни, забележуваат медиуми. ир/зш/20:13

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...