ЕК: Италија не смее да протерува Роми со ЕУ државјанство

ЕК: Италија не смее да протерува Роми со ЕУ државјанство

Брисел, 19 јуни 2018 (МИА) - По скандалозните изјави на новиот италијански министер за внатрешни работи Матео Салвини, дека планира да направи попис на Ромите кои живеат во Италија и да ги протера сите што немаат италијанско државјанство, Европската комисија одби јасно да ја осуди оваа изјава, но посочи дека според правото на ЕУ тоа е забрането.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Салвини исто така изјави дека „за жал“ на Ромите со италијанско државјанство ќе им биде дозволено да останат во Италија.

Поради тоа на денешната редовната прес конференција во ЕК италијанските новинари упорно бараа јасен став од Комисијата.

- Според правото на ЕУ не смеат да се протеруваат државјани на ЕУ врз основа на нивната етничка припадност, изјави портпаролот на ЕК, и потсети дека европските државјани имаат право на слободно движење во ЕУ, но дека „нема да разговарам за правните детали сега“, додаде портпаролот.

Тој не ја исклучи можноста ЕК да стапи во контакт со италијанската Влада по овие изјави, но не можеше ниту да го потврди тоа. тм/ми/13:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...