• A-
  • A
  • A+
недела, 22 јули 2018, 

Вработените во Фиат најавија штрајк поради исплатата за трансферот на Роналдо

Вработените во Фиат најавија штрајк поради исплатата за трансферот на Роналдо

Торино, 12 јули 2018 (МИА) -  Вработените во фабриката на Фиат во јужна Италија најавија штрајк поради трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, за кој треба да се исплатат 105 милиони евра.

Најавено е дека штрајкот ќе се одржи следната недела, меѓу 15 и 17 јули, со целосна поддршка на синдикатите.

- Неприфатливо е работниците економски да се жртвуваат, а компанијата да троши стотици милиони евра за купување фудбалери, се наведува во соопштение на синдикатите. 

Тие додаваат дека работниците долги години се изложени на редуцирање на трошоците и дека платите не им се сменети повеќе од една деценија.

- Дали е нормално една личност да заработува милиони, а илјадници семејства да не можат да преживеат до средината на месецот?, прашуваат синдикалците во соопштението. паг/гт/12:05

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.