• A-
  • A
  • A+
недела, 22 јули 2018, 

НЛБ Банка со награда за најдобра банка во Македонија од Еуромани во Лондон

НЛБ Банка со награда за најдобра банка во Македонија од Еуромани во Лондон

Скопје, 12 јули 2018 (МИА) - НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Македонија од страна на Еуромани. Наградите, како што соопштуваат од Банката, се врачени вчера во Лондон. 

Според Банката оваа награда е уште една потврда за особениот успех во надминувањето на сите  поставени предизвици на Банката, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати.

- Натпреварувајќи се на висококонкурентен банкарски пазар, банката која се истакна со резултатите минатата година во Македонија е НЛБ Банка АД Скопје, благодарение на остварената доминатна профитабилност во секторот, подобрениот квалитет на средствата и инвестициите во дигитализацијата, наведува магазинот во соопштението по повод прогласувањето на банката.скс/сд/14:54

###





 


Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ