• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Дали на Турција и се подготвува економска и финансиска криза?

Дали на Турција и се подготвува економска и финансиска криза?

Би-Би-Си

август 2018

Финансиските превирања во Турција се алармантни - пад на турската лира за 30 отсто, пад на берзата за 17 отсто, скок на каматните стапки на државниот долг во лири на 18 отсто - тоа би можело да биде најава за објавување економско забавување во таа земја, можеби дури и рецесија.

Турската лира од почетокот на годината потона за 30 отсто во однос на американскиот долар. Пазарот на акции падна за 17 отсто, а ако се мери во долари, како што прават странските инвеститори, падот на цените на акциите достигна и 40 отсто.

Второ мерило што често се гледа на пазарите е колкави се трошоците за позајмување на државата. Кредит на 10 години во лири е сега чи 18 отсто годишно, па дури и задолжувањето на Турција во долари е скапо, а кредитите се даваат со камати од околу 7 отсто.

Турција бележи дефицит во меѓународната трговија.

Повеќе увоз отколку што извезувате, или, со други зборови, трошите повеќе отколку што заработувате. Таквиот дефицит треба да се финансира од странски инвестиции или од задолжување.

Не е невообичаено или опасно само по себе. Но, турскиот дефицит е доста голем, минатата година тој изнесуваше 5,5 отсто од БДП.

Постојат две карактеристики на турскиот надворешен долг, што  ја зголемуваат ранливоста. Прво, Турција има високо ниво на долгови кои мора да се вратат во блиска иднина или да се рефинансираат.

Агенцијата за кредитен рејтинг Фич проценува дека на Турција и  треба финансирање оваа година од речиси 230 милијарди долари.

Второ, многу турски компании се задолжувале во девизи. Таквите заеми стануваат поскапи за да се вратат ако националниот девизен курс падне, а паѓа. Слабата валута, исто така, го влошува проблемот со инфлацијата во Турција. Слабата лира го прави увозот многу поскап.

Централната банка цели на инфлација од 5 отсто. Веќе пред една година, инфлацијата беше многу повисока од тоа, околу 10 проценти. Оттогаш, ситуацијата уште повеќе се влоши, а цените сега се зголемуваат со годишна стапка од околу 15 проценти.

Инвеститорите на финансискиот пазар, исто така, ги вознемируваат ставовите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за економската политика и притисокот врз турската централна банка. Имено, постои политичка опција во централната банка која сака да ја намали инфлацијата со зголемување на каматните стапки.

Таквата постапка може да ја спречи инфлацијата на два начина. Тоа може да ја ослабне побарувачката во земјата и да го зголеми финансиското враќање, што ги охрабрува инвеститорите да купуваат лири - ова ќе ја зајакне валутата и ќе ги намали трошоците за увоз.

Турската централна банка веќе презеде неколку такви чекори, но без трајно влијание врз проблемот.
Она што ги мачи пазарите, повеќето економисти би рекле, е лошата информираност на Ердоган за каматните стапки. Тој се опишува како непријател на каматните стапки.

Резултатот е дека инвеститорите не се убедени дека централната банка ќе го направи она што е потребно за да ја стабилизира валутата и со тоа да ја контролира инфлацијата. Од друга страна, тоа ги прави многу повнимателни во врска со шансите во врска со турскиот финансиски имот.

Економијата растеше секоја година, освен во 2001 година, што беше последната година од економската криза и кога и помогнаа од ММФ, и во 2009 година, под влијание на глобалната финансиска криза. За неколку години растот беше исклучително силен.

Невработеноста е висока, но релативно стабилна, со стапка од 9,9 проценти.

Агенцијата за кредитен рејтинг Мудис укажува дека турскиот економски раст достигна неодржливи нивоа поради даночните и потрошувачките политики, истакнувајќи дека долгорочните политики за раст се занемарени поради фокусот на изборните циклуси.

Агенцијата Фич, пак, предупредува дека е зголемен ризикот од остро приземјување на турската економија, што значи нагло успорување на растот, а можеби и рецесија.  ир/зш08:27

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.