Турската полиција уапси уште две лица поврзани со пукањето кон Амбасадата на САД

Турската полиција уапси уште две лица поврзани со пукањето кон Амбасадата на САД

Анкара, 25 август 2018 (МИА) - Тимови на турската полиција уапсија уште две лица во рамките на истрагата за пукањето во Амбасадата на САД во Анкара на 20-ти август.

Шест истрели беа истрелани од автомобил во движење во правец на дипломатското претставништво во Анкара во 5 часот утрото на 20 август. Никој не настрада при пукањето, но три куршуми го погодија заштитното стакло од безбедносната кабина. Уште истиот ден силите на редот уапсија двајцата напаѓачи Ахмет Челиктен и Осман Гундаш.

Турската полиција синоќа уапси уште две лица, осомничени дека се поврзани со пукањето кон амбасадата. Двајцата биле уапсени откако за време на испрашувањето на Челиктен и Гундаш станало јасно дека уште лица се поврзани со нападот на американското дипломатско претставништво.

Инспекторите изјавија дека не е исклучено уште лица да бидат приведени во рамките на истрагата. ир/10:19

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.