• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Чавушоглу: Односите на Турција со Русија не се алтернатива за ЕУ или за САД

Чавушоглу: Односите на Турција со Русија не се алтернатива за ЕУ или за САД

Вилнус, 28 август 2018 (МИА) - Односите на Турција со Русија не се алтернатива за односите на Републиката со Европска унија или со САД, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу за време на посетата на Литванија.

- Нашит односи со Русија не се алтернатива за односите со ЕУ или со САД. Надворешната политика на Турција е ориентирана на баланс (во односите), посочи Чавушоглу.

Тој ја коментираше и посетата на претставници на американскиот Конгрес на Турција, при што тие апелираа Анкара да се откаже од купување на противракетните системи С-400 од Русија, за да добијат авиони ловци Ф-35 од САД. Чавушоглу повтори дека „купувањето на С-400 не предност на Турција туку принудна мерка“.

- Нас ни требаат системи за противвоздушна одбрана. Ние сакаме да ги купиме од нашите сојузници, вклучително и САД, но не можеме тоа да го направиме. Може ли Америка да даде гаранции за продажбата на системите „Патриот“? Дури и за Ф-35 постојано се менуваат условите. Купувањето системи за противвоздушна одбрана е крајно неопходно за нашата безбедност, потенцира Чавушоглу.

Тој додаде дека Турција сака да ги реши проблемите со САД по пат на дијалог. ми/14:15

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...