• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Телефонски разговор Чавушоглу - Помпео

Телефонски разговор Чавушоглу - Помпео

Анкара, 4 септември 2018 (МИА) - Шефот на турската дипломатија Мевљур Чавушоглу денеска телефонски разговараше со американскиот државен секретар Мајк Помпео, изјави неименуван турски дипломат.

Тој додаде дека телефонскиот разговор бил инициран од Вашингтон.

Теми на разговор биле билатералните односи, како и ситуацијата во сириските провинции Идлиб и Манбиџ.

Односите помеѓу Анкара и Вашингтон во изминатиот период се тензични поради притворот на американскиот свештеник Ендрју Брансон, на кого во Турција му се суди за тероризам. Тензиите дополнително се зголемија по взаемното зголемување на царините, што доведе до пад на вредноста на турската лира. ми/18:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.