• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Се зајакнуваат биосигурносните мерки на свињарските фарми во Македонија

Се зајакнуваат биосигурносните мерки на свињарските фарми во Македонија

Велес, 12 септември 2018 (МИА) - Уште една свињарска фарма во Македонија ги засилува биосигурносните мерки за заштита од болести. 

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов денеска со тим експерти ја посети фармата „Агро софт“ во Велес и на сопствениците директно им укажа кои активности треба да се преземат за  целосно имплементирање на заштитата.

- Од вкупно 90 комерцијални фарми на свињи во Македонија, ова е 78 кај која е извршена  категоризација по ризик. Паралено се преземаат мерки за едукација на сточарите за заштита од болеста „африканска свинска чума“ која е веќе присутна во Бугарија, изјави директорот Атанасов.

АХВ изјава Велес

Според него, болеста која досега беше типична само за африканскиот континент веќе се шири и во Европа поради што е неопходно земјава превентивно да биде подготвена за да не дозволи контаминација кај домашните фарми на свињи. 

Во рамки на посетата на „Агро софт“, на сопствениците им беше презентиран и најновниот Прирачник што го изготви АХВ за подобрување на биосигурносите мерки на свињарските фарми. Прирачникот ќе биде дистрибуиран до секој сточар-одгледувач на свињи.мч/ад/15:51

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ