• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

„Филмски ноти“ - Василичарски концерт во МОБ

Скопје, 9 јануари 2013 (МИА) - „Филмски ноти“  е концертот што по повод празникот Василица, Македонската опера и балет традиционално и оваа година, ќе го одржи на 12 и на 13 јануари, под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.

Ќа настапат врвни оперски солисти, естрадни ѕвезди и хорот и оркестарот на Операта и Балетот, кои ќе изведат познати музички нумери од популарни филмови, „Кум“, „Коса“, „Дух“, „Маската на Зоро“, „Телохранител“ и други.

Публиката ќе има можност на сцената да ги види првенката на Операта Весна Гиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Владимир Саздовски, Наде Талевска, Олгица Христовска, Олгица Милевска, Ламбе Алабаковски, Тамара Тодевска, Влатко Лозановски-Лозано, Горан Наумовски, Ѓоко Таневски, Верица Пандиловска, Андријана Јаневска, Елена Петреска, Маја Гроздановска-Панчева, Ана Мицковска, Дејан Бобиќ-Дексо и Александра Јанева.

Концерт мајстор е Верица Ламбевска, а музички продуцент Горан Наумовски.

Македонската опера и балет веќе 25 години ја одржува традицијата на одбележување на празникот Василица со пригоден концерт. вг/мч/7:35 

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...