• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

„Заборавени песни“ во МОБ за Василица

„Заборавени песни“  во МОБ за Василица

Скопје, 5 јануари 2017 (МИА) - По организирањето на Новогодишниот концерт на 1 јануари, Македонската опера и балет го подготвува и традиционалниот концерт по повод празникот Василица, кој ќе се одржи на 12 јануари. 

На концертот, кој е насловен „Заборавени песни“, ќе бидат изведени традиционални македонски песни со специјално подготвени аранжмани од композиторот Илија Пејовски, но на програмата ќе има и неколку популарни композиции.

Песните ќе бидат во изведба на Андријана Јаневска во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет. Режисер на концертот е Љупка Јакимовска, а диригент Бисера Чадловска.

МОБ соопшти дека билетите се во продажба на нејзината билетарница,  како и онлајн на: www.mob.mk. Новина е можноста тие да се купат и во „Југотон“ во ГТЦ на први кат, преку системот karti.com.mk. Целта е, наведува МОБ,  нивните билети да бидат подостапни до љубителите на уметноста. хс/лв/07:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.