• A-
  • A
  • A+
недела, 22 април 2018, 

Во Кочани одбележан Денот на книгата и авторското право

Во Кочани одбележан Денот на книгата и авторското право

Кочани, 21 април 2017 (МИА) - Во јавната општинска установа Библиотека „Искра“ во Кочани денеска беш одбележан Денот на книгата и авторското право - 23 Април. Пред присутните читатели и членови, библиотекаритре Илија Захариев и Магдалена Кочовска Салтирова ги прочитаа пораките за годинешното празнување:Светската порака  од Ирена Бокова, од Унеско, како и Македонската порака од Иван Џепаровски.
 
Беа проглсени и најдобрите читатели за минатата година по категории.Во категоријата деца и младинци  најуспешен читател беше пригласена Сандра Костадинова со 68 прочитани книги додека во категоријата за возрасни наградата и припадна на Наталија Тодосиева со прочитани 176 книги.
 
Во рамки на одбележувањето на Денот на книгата и авторското право, беше промовирана книгата „50 години литературен клуб Копнеж“ во која се содржани творби на 54 автори на овој клуб од сите генерации. Промотор на книгата беше Ленче Стоименова, роднокраен автор.кг/лв/14:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Бакир Изетбеговиќ заврши во видео игра

Непознати автори направија видео игра насловена „Е...

Почина актерот Верн Тројер

Актерот Верн Тројер, кој стана најпознат по улогат...

Почина најстариот човек во светот - Јапонката Наби Таџима

Најстариот жител на планетата, Јапонката Наби Таџи...

Роднини на уметницата Кало ја спречија продажбата на куклата „Фрида Барби“

Роднини на познатата мексиканска уметница Фрида Ка...

Редици во Лондон да се купи крофна-бургер

Крофна-бургерот го привлече вниманието на лондонча...