• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Натпревар за краток филм Let’s CEE 2018

Натпревар за краток филм  Let’s CEE 2018

Скопје, 7 декември 2017 (МИА) - Филмските режисери од Македонија до крајот на јануари 2018 може да аплицираат на шестиот натпревар за краткометражен филм Let’s CEE 2018 кој од 13-ти до 22 април ќе се одржува во Виена. Со свои кратки филмови на тема „Заедно или разделени“ може да учествуваат филмски режисери до 35-годишна возраст.

- Темата на натпреварот може да се манифестира во доставениот материјал на различни начини и методи. Интерперсоналните аспекти, како драмите во семејството и односите, судењата и страдањата, моментите на успех и среќа или заедничкото надминување на предизвиците може да се земат предвид исто како и социјалните, политичките, правните и/или културните прашања. Со други зборови: сè е можно се додека допира на темата и е направено добро, соопшти Чептер 4 доо Скопје.

По презентацијата на фестивалот, меѓународно жири ќе одлучи за победникот на конкурентните кратки филмови. Главната награда е  1.500 евра и статуетка на Уранија. Церемонијата на доделување на наградите ќе биде во виенското Кино Уранија. Главна цел на фестивалот е да ги унапреди и промовира филмовите од Централна и Источна Европа во Австрија. 

Повеќе информации за натпреварот може да се добијат на: www.letsceefilmfestival.com или на: management@letsceefilmfestival.com. хс/сд/14:35

###

 

  

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...