• A-
  • A
  • A+
четврток, 26 април 2018, 

Во Битола се одржа книжевната манифестација „Моќта на буквите“

Во Битола се одржа книжевната манифестација „Моќта на буквите“

Битола, 7 декември 2017 (МИА) - Националната установа Универзитетска библиотека - НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, патрониот празник го одбележа со книжевна манифестација „Моќта на буквите“ на која Александар Гулевски го претстави начинот на создавање на буквите во глаголицата, а вработени од библиотеката промовираа најнови изданија на таа установа.

- Библиотеките како книгохранилишта се столб на општеството, бастионна писменоста и чувари на културното наследство и пишаниот збор, истакна Јелена Петровска директорката на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.

- Денешните библиотеки ги прераснаа своите првобитни функции и израснаа во мултифункционални центри, препознатливи во своето опкружување по креативни и современи програми за сите корисници. Името на Свети Климент инспирира да бидеме вистински чувари на културното наследство на нашите просветители. Иднината е светлината кон која одиме низ животот, а факелот со кој ја осветлуваме е во нас библиотекарите, рече меѓудругото Петровска на патрониот празник на библиотеката во овој град.

Според востановената традиција, на денот на патронот, во НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола беа промовирани најнови изданија, односно Библиографија на магистерски и докторски трудови одбранети на УКЛО-Битола во периодот 1991-2016 година, списанието „Библиотечен тренд“ и Зборник од 12. Роднокрајна средби на битолските писатели во Македонија. мт/нд/14:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Букурешт - град на кабли

Романскиот главен град Букурешт би можел да се нар...

Гркинка е највозрасна жена на светот (видео)

Пред неколку дена почина највозрасното лице на све...

Премиера на „Одмаздници: Војна на Бесконечноста“, ФХ3Х работеа на ефектите

Македонската компанија за анимација и визуелни ефе...

Ќе се снима филм заснован на „Долгата прошетка“ на Стивен Кинг

Сценаристот Џејмс Вандербилт го подготви текстот з...

Се планира филм за секс скандалот Вајнстин

Продукциските куќи Анапурна и План Б, во соработка...