Василичарскиот концерт на МОБ годинава со ретро рок и поп-хитови
- среда, 03 јануари 2018 07:39
Скопје, 3 јануари 2018 (МИА) - Македонската опера и балет и оваа година ќе го организира традиционалниот концерт за Василица. Насловен е „Simply the Best“ и ќе има две изведби, на 12-ти и на 13 јануари од 20 часот.
Предвидено е да трае два и пол часа во кои публиката во МОБ ќе слуша рок и поп-хитови од 1980-тите и 1990-тите години. Влезниците се продаваат по цена од 800 денари.
Следен програмски термин на МОБ е 17 јануари кога ќе биде изведен балетот „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс, а во последните два дена од месецов ќе има две изведби на балетот „Оревокршачка“ од Чајковски.
На 21 јануари напладне МОБ ќе организира и балетска претстава за деца „Снежана и седумте џуџиња“ од Богдан Павловски во режија, кореографија и инсценација на Витолд Борковски.
Балетот е според приказната на браќата Грим, а првпат во улогата на Снежана ќе настапи Стефанија Гаштарска, студентка на престижната балетска академија Бољшој во Москва. хс/са/07:39
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 21:06 | Најмалку 18 загинати во поплавите во Руанда
Најмалку 18 лица загинаа во одроните и поплавите по обилните дождови во Руанда, соопшти денеска Влад...
- 20:59 | Робертсон во интервју за МИА: Вистински патриотизам е да се направи она што е најдобро за идните генерации
Како ноќ и ден, ја оцени состојбата во Македонија поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорџ Р...
- 20:15 | Грчкото МНР го повикува Хан да не дава погрешна слика за разговорите за името
Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), попладнево преку соопштение реагираше на изјавата н...
- 20:08 | Средба на премиерите на Бугарија, Романија, Грција со српскиот претседател
Премиерите на Романија, Бугарија и Грција, како и претседателот на Србија, денеска учествуваа на сос...
- 19:51 | Трамп и Макрон разговараа за Иран, Северна Кореја, Сирија
Се надевам дека ќе можеме да соработуваме многу отворено и чесно со Северна Кореја. Започнав процес ...