• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Изложба „Форми во црно“ на Мице Јанкуловски во Солун и Скопје

Изложба „Форми во црно“ на Мице Јанкуловски во Солун и Скопје

Скопје, 8 март 2018 (МИА) - „Форми во црно“ е насловена изложбата на платна од Мице Јанкуловски која ќе биде организирана во Солун и во Скопје. 

Ќе биде отворена вечер во галеријата „Лола Николау“ во Солун од Мелани Зеферино од Италија, историчар на уметноста и куратор на Биеналето во Фиренца.  Во Скопје ќе биде отворена од 10-ти до 20 март во галеријата „Остен“, каде што исто така воведен збор ќе има Зеферино. 

„Остен“ соопшти дека изложбата на Јанкуловски е дел од последните сеопфатни концептуални серии од основни форми насликани на платно. Главните атрибути на делата се минимализмот и мултипликацијата.

Мице Јанкуловски

Основните форми (круг, квадрат, триаголник) систематски се аплицирани на големи квадратни платна (145 х 145 см и 170 х 170 см) со само една боја - црната.  Сериите се направени со мултипликација на формите во рамките на платното и со мултипликација на платната во големи концептуални дела. хс/скс/08:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ