• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

„Брзо сликање“ во чест на жената

„Брзо сликање“ во чест на жената

Прилеп, 8 март 2018 (МИА)Под  мотото „Уметниците за 8 Март“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа традиционалната манифестација „Брзо сликање“, на која осум уметници членови на прилепското друштво на уметниците сликаа по повод меѓународниот ден на жената. 

Своите дела во чест на жената ги создадоа уметниците Александра Богоеска, Емилија Ѓорѓиоска Димоска, Анита Јовеска, Маја Најдоска, Јасмина Руневска, Васе Боцеска, Викторија Димеска и Верче Николоска.

Уметничката Руневска, претседател на прилепското Друштво на ликовните уметници со порака за жените да се борат за својот глас.

- Брзото сликање е убав настан на кој се собираме, твориме, работиме брзи цртежи, дела кои имаат место во галеријата. Секој ден нашата борба продолжува. Сѐ уште има проблеми со родовата еднаквост. Сакам да порачам дека жените треба да се борат за својот глас, рече Руневска.

Според в.д директорот на Центарот за култура Менче Караџоска, голем е дарот на уметниците за меѓународниот ден на жената.

- Симболично, на манифестацијата учествуваа осум уметници кои создадоа дела кои подоцна ќе ѝ бидат достапни на јавноста. Овие уметници денеска ни даруваа талент, креативност, уметност. Борбата за рамноправноста секој ден трае, изјави Караџоска.  

Манифестацијата „Брзо сликање“ се одржа по деветти пат. ем/вг/14:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ