• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во Ресен отворена изложба „Ана Франк - Историја за денес“

Во Ресен отворена изложба „Ана Франк - Историја за денес“

Ресен, 5 мај 2018 (МИА) - Патувачката изложба „Ана Франк - Историја за денес“ од синоќа е поставена во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен.

Изложбата посветена на Ана Франк, по промоцијата во повеќе македонски градови, организаторот, Младинскиот образовен форум овозможи да биде поставена во Ресен каде за јавноста ќе биде отворена до 21 мај.

- Со отворањето на оваа изложба ресенчани ќе бидат дел од над пет милиони луѓе ширум светот кои ја посетиле и погледнале изложбата и се информирале за детството на Ана Франк, за судбините кои ги предизвикал нацизмот, прогонот на Евреите..., рече меѓудругото градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски на синоќешното отворање на изложбата во овој град.

Според директорот на ЈУ Дом на култура „Драги Тозија“-Ресен, Васко Василевски, партнерското организирање на културни настани овозможува презентација на разни области од уметноста.

-Нашата улога како културна установа е да ги едуцираме жителите на преспанскиот регион, да ја надоградуваме нивната желба за уметност, нудејќи различни содржини од сите сфери во културата, и токму затоа овој проект всушност е нова понуда за вљубениците во уметноста, посочи директорот на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, Васко Василевски. мт/нд/10:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ