• A-
  • A
  • A+
петок, 25 мај 2018, 

Во Кочани се одржа 44. Детски поетски фестивал „Мајски цвет“

Во Кочани се одржа 44. Детски поетски фестивал „Мајски цвет“

Кочани, 16 мај 2018 (МИА) - Библиотеката „Искра“ од Кочани денеска беше домаќин на 44. Детски поетски фестивал „Мајски цвет“ што го организираше во соработка со литературниот клуб „Копнеж“.

На фестивалот учествуваа триесетина млади автори, членови на поетски клубови во 11 училишта и шест бибилотеки од Македонија.

- На објавениот конкурс годинава пристигнаа 33 поетски творби за кои жири комисијата оцени дека ги исполнуваат критериумите за награди. Тоа е потврда дека го задржуваме нивото на квалитет на фестивалот на кој не определуваме тема за која ќе се пишува, но поголем дел од песните што пристигнаа се со патриотска и романтична содржина, истакна Илија Захариев од бибиотеката „Искра“.

Првата награда – Гран при „Димитар Гогов“ ја доби Теона Грубанска, ученичка од Лозово за песната „Домот во срцето мое“. Втората награда на фестивалот и беше доделена на Марија Николова од село Соколарци, а третата ја освои Мартина Пулковска, ученичка од Кочани.

Наградата за најдобар ментор и припадна на професорката по македонски јазик Ленче Китанова од Лозово, а пофалници за своите поетски творби добија Анастасија Јефтимова од Зрновци, Јована Балуловска од Скопје и Михаела Стојанова од Кочани.

Признанија за придонесот во одржување на детскиот поетски фестивал добија и библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш и основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани. та/вг/14:50

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ