• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

„Рум дум дум“ на ООУ „Владо Тасевски“ победник на хористите во Карпош

„Рум дум дум“ на ООУ „Владо Тасевски“ победник на хористите во Карпош

Скопје, 16 мај 2018 (МИА) - Хористите од ООУ „Владо Тасевски“, се победници на годинешниот хорски музички натпревар меѓу училиштата, што се одржа во холот на ОУ „Димо Хаџи Димов“.

Под менторство на Елизабета Станоевска, со изведба на композицијата „Рум дум дум“, во обработка на Драган Шуплевски, музичките таленти од училиштето „Владо Тасевски“ ги освоија симпатиите на жирито, соопштија од општина Карпош. 

Второто место го делат училиштата „Петар Поп Арсов“ под менторство на Дејан Миленковски и „Димо Хаџи Димов“ под менторство на Невена Марковска. Третото место го поделија хористите од училиштата „Јан Амос Коменски“ менторирани од Марија Златановска, „Вера Циривири Трена“, менторирани од Александар Панајотовски, како и „Лазо Трповски“ менторирани од Мира Костовска.

На музичката манифестација во организација на општина Карпош, присуствуваше и претседателот на Советот на општина Карпош, Андреј Манолев, советници од Советот на општина Карпош, родители, и други присутни гости. Во жирито кое го оценуваше настапот на хористите од десетте основни училишта на територијата на општина Карпош, беа м-р Злата Тошевска и м-р Дејан Стоев од Македонска опера и балет, како и професорот Ле Фи Фи, од средното музичко училиште „Илија Николовски- Луј“. рп/сд/15:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Јутјуб воведува полесно препознавање на песните во видеата

Платформата за споделување видео снимки Јутјуб вов...

Внук на Маркл фатен со нож пред бар во Лондон

Внук на војвотката од Сасекс Меган Маркл се обидел...

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...