• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 јули 2018, 

Промовирана книгата „Еретички писма“ од Стефан Марковски

Промовирана книгата „Еретички писма“ од Стефан Марковски

Гевгелија, 16 мај 2018 (МИА) - Во рамки на прославата на Спасовден-заштитникот на Гевгелија, денеска беше промовирана новата, 12-та книга на младиот автор Стефан Марковски „Еретички писма“.

Претставувајќи го овој психолошки роман со елементи на трилер, промоторот Димитар Пандев рече дека на македонската модерна културологија и се потребни вакви прозни остварувања во кои на современ начин е реализиран спојот меѓу митологијата, религијата и науката.

- Овој роман кореспондира со примерните алегории на вонвременската литература, испишан со модерно писмо на јазик што комуницира со современиот читател, што значи, не му се туѓи ниту сленгот и жаргонот, независно од нивната провиниенција, ниту античката па ни сколастичката мисла не му се оптоварување, нагласи Пандев. 

„Еретички писма“ е втор роман на Марковски по речиси десет години од неговата прва книга „Еднонасочно“ или 12-та објавена во неговиот досегашен опус. им/мч/17:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ