• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 август 2018, 

„Самоуки“ - изложба на неакадемски уметници во Куманово

„Самоуки“ - изложба на неакадемски уметници во Куманово

Куманово, 14 јуни 2018 (МИА) - Изложба „Самоуки“ од неакадемски уметници од Куманово ќе биде отворена вечер во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Годинава на изложбата ќе учествуваат 18 автори со 40-ина дела работени во различни техники - масло на платно, акрил, скулптури, дрворези.

Роберт Цветковски, историчар на уметноста во Центарот за култура, рече дека авторите имаа своја концепција. Оваа изложба во Куманово, рече тој, се организира од 1991 година, а неакадемските уметници се пријавуваат на отворен конкурс со свои дела. 

По паузата од 2012 до 2017 година, традиционалната ликовна манифестација „Самоуки“ повторно ќе биде претставена пред љубителите на визуелните уметности.

Покрај Куманово, ќе биде презентирана и пред публиката во други градови од Македонија. ам/хс/ 09:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Хилари Клинтон и Спилберг во заеднички проект

Хилари Клинтон и Стивен Спилберг ќе копродуцираат ...

Повеќе десетина илјади посетители на настапот на Брена во Струмица

Со настапот на Црвена Јабука, Дубиоза колектив, Са...

Тесла може да пушти електромобил за 25.000 долари по три години

Најдостапниот електромобил на Тесла во моментов чи...

Германски ресторан забрани доаѓање на деца во вечерните часови

Еден ресторан на германскиот остров Риген, забрани...

Германија: Немаме план за доаѓање на вонземјани

Германската Влада соопшти дека не направила никако...