• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

„Но(е)ва Македонија“ – нова премиера во Битолскиот театар

„Но(е)ва Македонија“ – нова премиера во Битолскиот театар

Битола, 14 јуни 2018 (МИА) - Националната установа Народен театар-Битола почна со подготовките на најновиот театарски проект со наслов „Но(е)ва Македонија“.

Режисер на претставата е гостинот од Србија Кокан Младеновиќ, најнаградуваниот режисер на неодамна завршениот театарски фестивал во Нови Сад „Стеријино Позорје“

- Пробите за претставата се во тек. Премиерата ќе се одржи на 31 јули во рамки на битолското културно лето „БитФест“. Режисерот Младеновиќ е извонреден уметник, познат во регионот и низ Европа и уверени сме дека ќе имаме одличен театарски проект, истакна директорот на НУ Народен театар-Битола, Иван Јерчиќ.

На денешната прес-конференција во Битолскиот театар беше соопштено дека по успешниот настап на театарот во Подгорица, Црна Гора, во понеделник ќе отпатуваат во Полска каде во градот Бјалисток ќе учествуваат на меѓународен театарски фестивал, а на 20 јуни ќе ја одиграат претставата „Трагичната љубов на една луда девојка“ во режија на Благој Мицевски.

НУ Народен театар-Битола се подготвуваат и за претстојниот „Битола Шекспир Фестивал“ кој ќе почне на 23 јуни. мт/дма/12:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...