• A-
  • A
  • A+
петок, 20 јули 2018, 

Премиера на „Подигни ме“ на театарот Пи во Радовиш

Премиера на „Подигни ме“ на театарот Пи во Радовиш

Скопје, 12 јули 2018 (МИА) - Претставата „Подигне ме“ утре вечер премиерно ќе биде изведена во 20 часот во Центарот за култура Ацо Караманов во Радовиш во режија на Македонка Илиевска и Златко Митрески. 

Станува збор за копродукција меѓу „Центарот за изведувачки уметности и едукација Театар Пи“ и Центарот за култура „Ацо Караманов“ Радовиш.

- Текстот е филозофски, отворен, чесен, брутален, но и многу комично интересен. Игрово и забавно проникнување во природата на женските односи кон конзумеризмот, капитализмот и деструкцијата на современиот живот . Тоа е и социјалната метафора и критика на нео-либералниот капитализам во кој живееме по дарвинискиот принцип "јади за да не бидеш изеден", наведуваат од Театарот Пи.

Шесте млади, успешни, силни и убави жени во претставата ги играат: Анета Илкачева, Викторија Коцева, Елена Чаракчиева, Верче Спасова, Маја Ужевска, Мартина Ристевска, кои ја водат својата битка за успех во општеството и разбивање на табуа.

Гледачите стануваат сведоци на нивните најинтимни преживувања,  конфликтот на личноста и наложените општествени правила за успех, реализација и нормативи за среќа. вг/сд/12:15

###

 

  

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ