• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 јули 2018, 

Шесто издание на Тетовското културно лето

 Шесто издание на Тетовското културно лето

Тетово, 12 јули 2018 (МИА) - Коцерти за деца и млади, театарски претстави, но и разни атктрактивни спортови, ќе бидат дел од содржините на шестото издание на Тетовското култуирно лето што ќе трае до 3 август, информира уметничкиот директор Јетон Пустина.

- Концертите вообичаено ќе бидат организирани на градскиот плоштад, улицата „ЈНА“ или таканаречената улица со чадорите, како и во „Жена парк“. Ние испративме покана до сите музички групи што делуваат во градот да настапат. Освен концертите и тетараските претстави годинава ќе имаме и повеќе спортски активности како бокс, фудбалски нартпревар на жени фудбалерки, кампување во планина, дефиле на мортори низ гардските улици и слично, рече Пустина.

Оваа недела во организација на иницијативата „Прв до врв“ ќе бидат организирани и планинско трчање, како и друмски и планиснки велосипедизам од тетово до Попова Шапка.

- Оваа манифестација ја замислуваме како спортска со силна забавна компонента. По завршувањето на трките на Попова Шапка ќе организираме пикник и еко-фестивал каде по прогласувањето на победниците во сите дисциплини ќе има и богата музичка програма, рече Александар Георгиевски од инцијативата „Прв до врв“.

Тој појасни дека „Прв до врв“ досега бил организиран на Водно, и оти ова е првпат што се организира до Попова Шапка што, како што рече, е значително понапорно поради повисоката надморска височина што ќе треба да ја достигнат тркачите и велосипедистите. ас/сст/14:18

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ