• A-
  • A
  • A+
петок, 20 јули 2018, 

Детскиот младински ансамбл „Срма“ настапи на фолклорен фестивал во Франција

Детскиот младински ансамбл „Срма“ настапи на фолклорен фестивал во Франција

Куманово, 12 јули 2018 (МИА) - Детскиот младински ансамбл „Срма“ од Куманово и дувачкиот оркестар на Кеми Асанов од Струмица на Интернационалниот фолклорен фестивал во Сант Мало, Франција, биле прогласени меѓу најуспешни учесници во конкуренција од 21 фолклорен ансамбл од светот. 

- Настапивме со прекрасните македонски ора и песни и го презентиравме во најдобро светло и градот и државата на овој фестивал кој се одржа од 1-ви до 8 јули, изјави денеска Марјан Бошковски, кореограф и раководител на овој кумановски ансамбл. 

Детскиот младински ансамбл „Срма“ со години ја негува традицијата, фолклорот и ги презентира македонските ора и песни надвор од државата.

Срма 2

Годинава тие учествуваа на фолклорни фестивали во Босна и Херцеговина и во Турција, а ќе настапат и на меѓународниот фолклорен фестивал во Прокупље, Србија, кој ќе се одржува од 19-ти до 23 јули.

Ансамблот работи во склоп на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и постои од  1977 година, првин како матична форма на поранешниот Пионерски дом.  Во „Срма“ сега членуваат 150 деца и младинци кои го негуваат македонскиот фолклор. ам/хс/15:17

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ