• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Во Куманово ќе се одржи 14. Меѓународен тамбурашки фестивал

Во Куманово ќе се одржи 14. Меѓународен тамбурашки фестивал

Куманово, 21 август 2018 (МИА) - На градскиот плоштад во Куманово од четврток до сабота 14-ти пат ќе се одржи Меѓународниот тамбурашки фестивал, соопштија на денешната прес-конференција надлежните од општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт.  

На трите фестивалски вечери ќе настапат познати тамбурашки оркестри од земјата и регионот.

– Првата вечер ќе биде посветена на 35 години од кариерата на нашиот сограѓанин и естраден уметник Нино Величковски, а петок и сабота ќе бидат посветени на тамбурашките оркестри. Организацијата на овој фестивал е на Фондацијата за култура и спорт, а под покровителство на општина Куманово, односно градоначалникот и Советот на Општина Куманово, изјави Цоки Ристевски од локалната самоуправа.

Заедно со Величковски на првата вечер ќе настапат Виолета Томовска, Маргица Антевска, Октет Куманово, Наум Петревски, Сандра Милковска, како и тамбурашките оркестри „Велос“ од Нови Сад, Република Србија и „Пријатели“ од Скопје.

- На 24-ти август, гости ќе се „Кумановски тамбураши“ со солистите Сандра Милковска и Нино Величковски, Тамбурашкиот состав Рубато од Пожега, Република Хрватска, Градскиот тамбурашки оркестар Пљевље од Црна Гора со солистите Нина Стругар, Дејан Шкулетиќ и Мугдин Нухановиќ, како и тамбурашкиот оркестар Велос од Нови Сад победници на Светсккиот тамбурашки фестивал, изјави Величковски.

Третата и последна фестивалска вечер ќе ја отворат Радовишки тамбураши, Ансамбл на Здравко Ќосиќ од Бања Лука, како и тамбурашките оркестри Ужице и Вараждински тамбурашки оркестар.

Како што посочи Величковски, доколку постои идеја од угостителите може да се организира и манифестација од типот на Пиво фест, но зависи од заинтересираноста на граѓаните.

Од буџетот на општина Куманово за организација на 14-то издание на фестивалот се одвоени 800.000 денари, додека 150.000 денари се од Министерството за култура.ам/скс/13:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...