АКТО фестивалот посветен на темата „Општество во изградба“

АКТО фестивалот посветен на темата „Општество во изградба“

Битола, 21 август 2018 (МИА) - АКТО-фестивалот на современи уметности, кој почнува од четврток, ќе биде посветен на темата „Општество во изградба“ и содржи пет уметнички програми.

Организаторите денеска на прес-конференција најавија дека по подолго време, во рамки на фестивалот, ќе биде активиран возот на релација Битола-Скопје-Битола, кој ќе застанува на сите железнички станици на оваа релација за да ги донесе заинтересираните на фестивалот.

- По 11 години живеење во еден систем кој ги погази демократските вредности во општеството, сметавме дека потребно е повторно и од ново, преку културата да се потсетиме на вредностите на кои треба да се гради општеството, а тоа се солидарност, заедништво... Уметничките дела на најновото издание специјално се продуцирани за фестивалот кој ќе биде отворен со соларна кујна, проект на Никола Узуновски, ќе има акто-расадник и други актвности кои прв пат ќе бидат изведени на фестивалот во Битола, истакна Филип Јовановски, куратор на фестивалот.

АКТО-фестивалот на современи уметности ќе трае до 25 август. мт/бак/14:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...