• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Графичари од регионот десет дена ќе творат во Богданци

Графичари од регионот десет дена ќе творат во Богданци

Скопје, 22 август 2018 (МИА) -  Графичката работилница насловена „Софија“ почна денеска во Богданци, на која учествуваат 17 млади талентирани графичари од Македонија и од регионот.

Работилницата ќе трае до 1 септември, а ја организира Здружението на граѓани „Графичка работилница Софија“ од Богданци. Ментор ќе биде Слободан Радојковиќ, истакнат графичар и професор на Факултетот за уметности во Ниш.

Планирано е да се одржат и две завршни изложби. Првата ќе се одржи на 30 август во Домот на културата во Богданци, а наредниот ден делата изработени за време на работилницата ќе бидат изложени во галерискиот простор на печатница „Софија“ во градот. Во наредниот период се планирани повеќе изложби во градови низ Македонија и регионот.

Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година. рп/са/13:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ