• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Отворена изложбата „Челични мисли“ на Маја Танева

Отворена изложбата „Челични мисли“ на Маја Танева

Струга, 22 август 2018 (МИА) – „Челични мисли“ е насовена изложбата на скулптури на Маја Танева што денеска беше промовирана во рамките на 57. Струшки вечери на поезијата.

Уметничките дела се линеарни скулптури, кои, според промоторката Валентина Тодороска, го премостуваат јазот меѓу скулптурата и цртежот.

- Создадени се од индустриски челични јажиња, со дуална природа/ од една страна груба, тврда, непредвидлива моќно и неконтролирачка во суровинска форма и првобитната индустриска намена и потекло, а од друга страна во рацете на авторот при процесот на создавање и нејзината финална префинета и возвишена форма, ја покажува својата нежност и ранливост, ја истражува својата моќ да владее со линијата и светлината која блескаво трепери на нејзината површина, правејки ја динамична, разиграна, жива, појасни Тодороска.

Проектот, додаде, се движи во иновативни формалистички рамки, ги надминува конвенционалните граници на ликовно уметничките медиуми и има за цел да ја воздигне искрената, вистината и непретенциозната материјалност од која се создадени делата. сс/сст/15:18

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...