Најавена богата кулутрна програма од „Кривопаланечко културно лето“

Најавена богата кулутрна програма од „Кривопаланечко културно лето“

Крива Паланка, 22 август 2018, (МИА) - Организаторите на „Кривопаланечко културно лето 2018“, општина Крива Паланка, Локална установа Градски музеј и организацискиот одбор на „Џојфест“ денеска на прес-конференција најавија богата музичко-сценска програма деновиве и за време на празничните денови следната недела.

Директорот на ЛУ Градски музеј, Драган Величковски, рече дека годинава на задоволство и на гостите кои се очекува во голем број да ја посетат општината, но и на задоволство на Паланчани, во перидот од четири-пет дена ќе се одржат неколку концерти и фестивали.

- Програмата започнува со 14-тиот Интернационален фолкорен фестивал Јоаким Осоговски кој ќе трае од 24 до 26 август, а ќе гостуваат фолклорни ансамбли и друштва од Македонија, Србија, Бугарија, Кирап, Турција, а на 25 кога е втора фестивалска вечер на фолклорот, ќе се одржи и рок-фестивалот „Џојфест“ со настап на групата „Рибја чорба“, а како предгрупи ќе настапат нашите локални РГБ-бенд и „Студени нозе“. На 27-ми август во чест на денот на рударите ја најавуваме Јелена Томашевиќ,  а пред-бенд на овој концерт ќе настапат „Тајфата“ и Димитар, рече градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

На 28 август следат активности за одбележување на денот на рударите, Голема Богородица и патронот на градот - св.Јоаким Оосоговски.

- На 28-ми активностите почнуваат со литургијата во храмот Св.Димитриј, продолжуваат со црковната литија низ улицата се до општината, литија посветена на Св.Јоаким Осоговски, која ќе започне во девет часот, додека во 10 часот официјално ќе бидат пуштени во употреба реконструираните општински сали, дел од проектот „Проекција на туризмот во 3Д“, проект поддржан од ИПА – фондовите на ЕУ преку програма за прекугранична соработка со Бугарија, рече Мицевски.

Тој додаде дека потоа следува централната прослава посветена на рударите од „Тораница“ ,заедно со рудари од Пробиштип, рудник „Саса“ ќе се одржи на градскиот стадион под покровителство на „Булмак“. 

Одбележувањето на верските празници Голема Богородица и Св.Јоаким Осоговски продолжува во верските објекти, во локациите кои се од особено значење за развојот на културата во Крива Паланка, манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски.

- Ги поканувам сите добронамерници да ја посетат Крива Паланка затоа што нудиме богата културна програма и активности кои ќе ги вадоволат вкусовите на сите генерации, за заеднички да поминеме денови кои навистина доликуваат на празник на градот, додаде Мицевски. ид/сст/15:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ