„Поезија на пат“ во Прилеп со учесници од СВП

„Поезија на пат“ во Прилеп со учесници од СВП

Прилеп, 23 август 2018 (МИА) - Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе се одржи поетската вечер „Поезија на пат“. Поезија ќе читаат годинашните учесници на Струшките вечери на поезијата (СВП): Владимир Левчев од Бугарија, Мартин Глаз Серуп од Данска, Козмин Перта од Романија и Хусеин Хабаш од Курдистан.

Поетите гости ќе ја претстават својата поезија на мајчиниот јазик, а потоа актер/водител ќе ја пренесе на македонски јазик.

На поетската вечер ќе биде претставена и поезијата на добитникот на „Златниот венец“ на СВП, поетот Адам Загајевски.

Целта на манифестацијата е афирмација и промоција на поезијата низ градовите во земјата, односно прослава на врвната светска поезија, преку учество на значајни поети. ем/мч/07:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ