• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Јубилејно 10.издание на меморијалниот „Бош фест“ во Гевгелија

Јубилејно 10.издание на меморијалниот „Бош фест“ во Гевгелија

Гевгелија, 24 август 2018 (МИА) - Три дена исполнети со концерти, инсталации, работилници, изложби, перформанси и филмови ќе бидат белег на јубилејниот десетти меморијален мултимедијален арт фестивал „Бош Фест“, кој од денеска до недела се одржува во Гевгелија во чест и почит кон прерано починатиот актер и поет Бошко Бозаџиевски.

- Истрауматизирани од секојдневниот живот, потресени од емотивната пустоловина, отуѓувањето и желбата за моќ, од петни жили го создадовме јубилејниот „Бош фест“ кое треба да биде како летувалиште, место за опоравување, лекување, обновување на невроните, страста и другарството. Со независна современа уметност од субкултурната сцена дојдете заедно да го прославиме фестивалскиот јубилеј, апелираа организаторите.

Од почетокот до денеска на „Бош Фест“ во Гевгелија се презентирани 70 самостојни и групни изложби, 90 музички настапи, 40 проекции на филмови, 20 работилници, осум перформанси и по шест инсталации и театарски претстави. им/рп/09:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ