Изложба за македонското Порече

Изложба за македонското Порече

Скопје, 24 август 2018 (МИА) - Изложбата „Поречаните. Македонското Порече од 1932-1033 во етнографската документација на Јозеф Обрембски“ од денеска до трети септември годинава ќе биде поставена во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Оваа изложба се реализира во соработка со Амбасадата на Полска и со Музејот на Македонија.

Изложбата претставува само еден мал дел од творечкиот опус на авторот пренесен од професорката Ана Енгелкинг од Полската академија на науките, со помош на поранешниот полски амбасадор во Македонија Јацек Мултановски и неговата сопруга Кинга Нетман- Мултановска.

- Јозеф Обрембски е еден од најзначајните полски етнолози и антрополози, чиј творечки опус е тесно поврзан со македонската етнологија, што го прави исклучително значајна личност и за нас. Неговата посета на Порече во периодот 1932-1933 година ни дава изобилство на емпириски материјали, фотодокументација и скици кои не само нему, туку и на подоцнежните македонски етнолози им послужиле како основа за надградба и анализа на различни аспекти од функционирањето на традиционалните поречки и воопшто, македонски заедници, смета Мери Стојанова. 

Според неа, разнообразноста на материјалите од Порече и нивната структуираност му овозможиле на авторот и на сите нас јасно да ги согледаме сите аспекти на живеење на традиционалните заедници. мд/сд/14:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ