• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Пoчнува манифестацијата „Карпошово културно лето“

Пoчнува манифестацијата „Карпошово културно лето“

Скопје, 24 август 2018 (МИА) - Со програма за најмладите, односно со настапот на гласовите на Златните славејчиња, вечер од 19:30 часот, на платото на ТЦ Лептокарија, почнува 11-тото по ред „Карпошово културно лето“. 

Карпошани, а и сите намерници и љубители на добрата музика и забава вечер ќе имаат можност да ги слушнат Дарио Панковски, групата Нон Стоп и Кристина Арнаудова, информираат од општина Карпош.

Настанот ќе го води актерот Сашко Коцев, а присутните ќе ги забавува и DJ Тина.

Годинашново издание на оваа традиционална културна манифестација ќе го отвори градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, кој ќе ги повика карпошани на забава и музичко дружење со реномирани македонски уметниции во наредните викенд денови, односно до недела 26 август. рп/сд/14:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ