• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Школа за црковно пеење „Андон Шахпаски“ од 25 до 28 август во Смојмирово

Школа за црковно пеење „Андон Шахпаски“ од 25 до 28 август во Смојмирово

Скопје, 25 август 2018 (МИА) - Петтата школа за црковно пеење „Андон Шахпаски“ од денеска до 28 август ќе се одвива во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Смојмирово, Беровско. 

На свеченото отворање вечер концерт ќе одржи камерниот хор „Херувими“, а ќе биде промовирана и книгата  „Антологија на македонското црковно пеење“ од Јане Коџабашија. Делото ќе го промовира Мирјана Павловска Шулајковска. мд/лв/13:16

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ