• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Десет уметници на 13. Меѓународна ликовна колонија „Скопје“

Десет уметници на 13. Меѓународна ликовна колонија „Скопје“

Скопје, 25 август 2018 (МИА) - Десет ликовни уметници, по пет од државава и од странство,  учествуваат на 13. Меѓународна ликовна колонија „Скопје“ што се одржува во хотел Арка во Старата скопска чаршија до 30 месецов.

- Секој од учесниците е оригинален и посебен според сликарската техника и стилската определба, истакнуваат организаторите на колонијата Музеј на Град Скопје, Град Скопје и Хотел Арка.

На колонијата учествуваат Ахмет Ерман Караѓоз од Северен Кипар, Брита Грасман од Шведска, Сара Дангис од Франција, Денис Јуриј Крашковиќ од Хрватска, Елизабета Маторкиќ од Србија, а од Македонија Крунислав Стојановски, Јана Јакимовска, Елизабета Аврамовска, Зарије Амдиу и Љупчо Бојаров.

Создадените дела ќе бидат презентирани на затворањето на колонијата на 28. месецов во 20 часот во хотел Арка. Ќе бидат изложени на манифестацијата на град Скопје за одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13-ти ноември.лв/ев/11:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ