• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Врачување на „Златниот венец“ на полскиот поет Адам Загајевски на „Мостови“

Врачување на „Златниот венец“ на полскиот поет Адам Загајевски на „Мостови“

Струга, 26 август 2016 (МИА) - На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата со врачување на „Златниот венец“ на годинашниот лауреат, полескиот поет Адам Загајевски и доделување на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва завршува 57. издание на Струшките вечери на поезијата.

Загајевски е 53-ти добитник на највисокото признание на фестивалот, кое се состои од филигрански изработен лавров венец.

Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2018 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшки вечери на поезијата ќе му биде врачена на Зоран Анчевски за стихозбирката „Небеска пантомима“. Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант ќе и биде врачено на поетот Пауло Тапио

Покрај добитниците на наградите, на поетскиот митинг ќе настапат и поети од разни страни на светот, а Струга деновиве по 57-ми пат е претстолнина на поезијата. Педесет и седмиот поетски фестивал свечено беше отворен во средата со традиционално читање на Константиновата „Т`га за југ“ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата во Струга. Деновиве во поетска Струга гостуваат 30 поети од 29 земји во светот и околу 50 поети од Македонија. сс/лв/13:57

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...