Заврши „Етно плоштад фестивал 2018“

Заврши „Етно плоштад фестивал 2018“

Берово, 28 август 2018 (МИА) - Со настап на македонската мзуичка звезда Мијата и локални музички групи и диџеи синоќа во Берово заврши Етно плоштад фестивал.

Како дел од фестивалот во изминатите три дена се организираше и традиционалниот саем на производи Малешевијата на дланка.

Заблагодарувајки им се на сите активни учесници и сите присутни кои ги проследија сите концерти во изминатите неколку дена градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, фестивалот го оцени за успешен.

- Фестивалот покажа дека граѓаните сакаат фестивал од ваков формат, фестивал кој преку настапите на локални музички групи и популарни македонски музички имиња ја негува етно културата како и традицијата на беровските производители кои на саемот „Малешевијата на дланка“ имаа што да понудат. На граѓаните и учесниците во саемот „Малешевијата на дланка“, им благодарам што беа активни учесници на фестивалот и што несомнено придонесоа за успешна негова организација, рече Пекевски.

Етно плоштад фестивал за првпат започна да се организира во 2008 година, а ова беше јубилејна 10 година од неговиот почеток. Фестивалот го организираше Општина Берово со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. вс/нд/11:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...