• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Загајевски: Духот на пријателството ме понесе и испирира во пишувањето

Загајевски: Духот на пријателството ме понесе и испирира во пишувањето

Скопје, 28 август 2018 (МИА) - Полскиот поет Адам Загајевски, кој е годинашен добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата денеска во Скопје беше прогласен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. 

На свеченоста, организирана во Друштвото на писателите на Македонија, Загајевски изјави дека е среќен што ја запознал Македонија и оти духот на пријателството го испирира во пишувањето. 

- Пред една недела дојдов во Македонија: Бев во Струга и разговаравме со одговорните за фестивалот. Кога доаѓаш на еден ваков фестивал, гледаш многу непознати луѓе и не знаеш кои се тие. На почеток не си премногу среќен бидејќи треба да го поминеш твоето време со непознати луѓе. Но после неколку дена тие стануваат ваши пријатели. Ова траеше само една недела, но таа беше многу интензивна. Сепак, среќен сум што бев тука. Среќен сум што ја запознав вашата земја и духот на пријателството ме понесе и инспирира во пишувањето, истакна Загајевски.

Претседателката на ДПМ, Соња Стојменска-Елзесер рече дека Загајевски е поет со изградена поетика и со силно изразен космополитски дух.  

Загајевски е полски поет, новелист, есеист и преведувач. Автор е на збирки поезија, романи и есеи, а неговите дела се преведени на повеќе јазици. Добитник е на значајни награди и признанија. бак/бк/17:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...

Берт Рејнолдс и оставил се на својата внука

Актерот Берт Рејнолдс, кој неодамна почина во Флор...