Отворање на 75. Меѓународен филмски фестивал во Венеција

Отворање на 75. Меѓународен филмски фестивал во Венеција

Венеција, 28 август 2018 (МИА) - Во Венеција денеска се отвора 75-то издание на наjстариoт кино фестивал во светот, што ќе трае до 8 септември. Претседател на жирито годинава ќе биде мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо.

Фестивалот ќе биде отворен со проекција на филмот „First Man" на американскиот режисер Демијен Шазел. Главната улога во биографската сага за Нил Армстронг - првиот човек што стапна на Месечината, а го глуми канадскиот актер Рајан Гослинг.

Во главната конкуренција се вклучени 21 филм. Фестивалот ќе биде затворен, исто така, со биографија - „Driven" за подемот и падот на американскиот автомобилски конструктор Џон Делоријан, во режија на Британецот Ник Хам.

Венеција филмски фестивал 75 издание

Британската актерка Ванеса Редгрејв и канадскиот режисер Дејвид Кроненберг ќе бидат удостоени со „Златен лав" за животни достигнувања.

Можеби најатрактивната „знаменитост“ на црвениот тепих ќе биде ексцентричната американска пејачка Лејди Гага. Таа ја глуми главната улога во режисерското деби на актерот Бредли Купер, преработката на филмската класика „Ѕвездата се роди“. 

Првиот кино фестивал во Венеција се одржа август 1932 година. си/ми/10:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.