Завршува 13. Меѓународна ликовна колонија „Скопје“

Завршува 13. Меѓународна ликовна колонија „Скопје“

Скопје, 25 август 2018 (МИА) - Со презентација на создадените ликовни дела, вечер во 20 часот во хотел Арка во Старата скопска чаршија свечено ќе биде затворена 13-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје”.

На колонијата што ја организираат Музеј на Град Скопје, Град Скопје и Хотел Арка, годинава учествуваат десет ликовни уметници, по пет од Македонија и од странство. Секој од нив е оригинален и посебен според сликарската техника и стилската определба.

Ликова колонија Арка

На колонијата учествуваа Ахмет Ерман Караѓоз од Северен Кипар, Брита Грасман од Шведска, Сара Дангис од Франција, Денис Јуриј Крашковиќ од Хрватска, Елизабета Маторкиќ од Србија, а од Македонија Крунислав Стојановски, Јана Јакимовска, Елизабета Аврамовска, Зарије Амдиу и Љупчо Бојаров.

Создадените дела ќе бидат изложени и на манифестацијата на Град Скопје за одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13-ти ноември.лв/са/07:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...