Средба на министерот Адеми со учесници на фестивалот „Скупи 2018“

Средба на министерот Адеми со учесници на фестивалот „Скупи 2018“

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари средба со претставници на културно уметничкото друштво „Каршиака“  кои се организатори на 12-тиот Меѓународен фолклорен фестивал „Скупи 2018“.

Министерството за култура соопшти дека станува збор за фестивал од  ревијален карактер што е дел од Годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес и на кој учествуваат фоклорни друштва од девет земји од регионот и светот: Мексико, Аргентина, Северен Кипар, Украина, Бугарија, Турција, Албанија, Косово и од Македонија.

Во рамките на фестивалот учесниците, кои, како што стои во соопштението, се вистински репрезенти на фолклорот и традицијата на земјите од каде доаѓаат, ќе одржат повеќе концерти.

Денеска концерт ќе одржат во општина Сарај, додека утре на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.скс/са/16:18

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ